Пол Погба, Ријад Марез, Бенжамин Менди, Димитри Паје, Ласана Дијара, Ферлан Менди и Стив Манданда. Знаете ли што им е заедничко? Одговорот е Авр, клубот во кој некогаш како тотални анонимуси ги направија првите фудбалски чекори, а сега се веќе големи ѕвезди на светскиот фудбал.

Авр моментално е второлигаш, а во 14. коло оди на мегдан со Сошо. Двата тима играат многу променливо. Сошто, чиј дрес го носеле квалитетни играчи (Менез, Матје, Перишиќ, Баждаревиќ, Хаџибегиќ), досега впиша шест победи, четири ремија и три порази и ја држи петтата позиција  која води во плеј-офот, што и тоа како е охрабрувачки во однос на не така дамнешни времиња.

ФРАНЦИЈА 2 – 14.коло

СОШО – АВР
петок 20.00

ПРЕДЛОЗИ
ВГ 2-4    1,60
КТ 1        2,35
* Квотите подлeжат на промени

СИТЕ КВОТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НА ОВОЈ ЛИНК

Алавес со помош на компанијата Ледус од Хонг Конг во 2015. година го откупи Сошо од автомобилскиот гигант Пежо, влезе во клубот и направи еден вид на филијала, што на навивачите на францускиот клуб не им се допадна. Но минатата сезона Алавес се повлече оставајќи го клубот во катастрофална состојба. Сопственикот Винг Санг Ли беше во финансиски проблеми, бидејќи на неговата фирма по падот на акциите и се закануваше банкрот, па комплетната контрола и ја препушти на баскискиот клуб, кој ги намали трошоците раскинувајќи ги договорите со неколку фудбалери. Непланската работа доведе до тоа Сошо минатата сезона место за највисок ранг, се бореше за второлигашки статус.

Последните три средби на овие тимови завршија со ГГ4+. Двапати славеше Авр (3:2, 3:1), а еднаш Сошо (3:2). Авр не е претерано убедлив во гости, севкупно гледано врза шест натпревари без победа, Сошо е добар на домашен терен (најдобар домаќин во лигата), па така не можеме да се потпреме многу на поранешниот клуб на Погба, кој моментално е надвор од плеј-оф зоната.

Компромис може да биде ВГ 2-4.