Лорис Кариус продолжува со грешките и откако стана дел од Бешикташ. Германскиот голман влегува од грешка во грешка, а на третиот гол не излезе навреме да ја пресече топката, по што играчот на Брага пред него ја смести во мрежата.

Не е познато само како ќе се бори за место во тимот на Ливерпул со вакви настапи, со оглед дека пред неколку месеци даде изјава дека има намера да се врати на „Енфилд“ откако ќе му истече позајмицата со Бешикташ.