Ноќеска во НБА беа одиграни четири натпревари во кои централно внимание привлече одличната игра на Ламаркус Олдриџ кој со 39 поени го предводеше Сан Антонио до победа над Оклахома со 121:112.

Ова беше прв триумф на „Спарс“ после два врзани порази. Сепак, Сан Антонио и на овој меч имаше проблеми, но само во првите две четвртини во кои Оклахома водеше, а потоа во последната четвртина со пресврт Сан Антонио успеа да се радува.

Олдриџ мечот го заврши со 39 поени, шест скока, четири асистенции, две украдени топки и една блокада. Во поразениот тим, Галинари со 27 поени беше најефикасен.

Мајами и Бостон успеаја на гоствањата да дојдат до шеста победа сезонава. Мајами го совлада Феникс со 124:108, а Бостон беше подобар од Шарлот со 108:87.

ЛА Клиперс ги совладаа Портланд со 107:101.

РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Бостон 87:108

Сан Антонио – Оклахома 121:112

Феникс – Мајами 108:124

ЛА Клиперс – Портланд 107:101