По првите 45.минути од квалификацискиот меч во Групата Г за жени меѓу Македонија и Австрија, резултатот е 0:2 за гостинките. Првиот гол беше постигнат во 35.минута и тоа од пенал, стрелец беше Била, која претходно беше фаулирана во нашиот шеснаесетник. А тоа за судијката Луцие Шулцова од Чешка беше казнет удар.

Вториот гол беше дело на Задражил во 45+2. Треба да се каже дека Австријките во текот на целото полувреме беа подобри, ние играме во рамките на нашите можности, посебно ако се знае дека поради повреда ја нема нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова. Да кажеме дека за првпат нашата женска репрезентација игра на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.