Поради големиот интерес за натпреварот против тимот на Келце, денеска од РК Вардар стигна сопопштение дека е пуштен дополнителен контингент на билети за утрешниот натпревар.

Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” пуштени во продажба се ДОПОЛНИТЕЛНИ билети. Истите се за секторот СТОЕЊЕ.

Цената на билетите е 150 денари.

Натпреварот меѓу Вардар и Келце е закажан за утре, 9 ноември во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”.