Манчестер Сити ќе биде без првиот голман Едерсон за големата пресметка со Ливерпул в недела. Бразилецот доби повреда на мускул на ремито (1:1) против Аталанта во ЛШ во средата. Менаџерот Гвардиола, чиј тим ќе се обиде да го скрати јазот од шест бода во однос на Ливерпул, на прес-конференција ја потврди веста.

„Едерсон нема можност да игра во недела. Колку долго ќе биде надвор, не знам“, призна Гвардиола.

Клаудио Браво беше исклучен на мечот со Аталанта во ЛШ, а неговиот последен настап како стартер во Премиер лигата беше во мај 2018 година.