Полскиот првак Келце нема пријатно патување до Скопје. Утрешниот противник на Вардар во Лигата на шампионите има проблем со летовите, односно нивно одложување, па наместо на пладне како што беше планирано, најверојатно доцна попладнево ќе пристигнат во нашата престолнина.

„Проблеми со летовите повторно. По три часа чекање, влегуваме во авион на пат за Виена, а од таму ќе продолжиме понатаму и најверојатно ќе го премениме комплетно планот за денеска“ – стои во информацијата на сајтот на Келце.