Она што Спортмедиа го најави пред една недела, Шкендија го потврди денеска – Хуан Фелипе и македонскиот првак ја прекинаа соработката.

Шкендија пред една седмица го информираше бразилскиот интернационалец дека нема да смета на неговите услуги, како и дека до декември ќе може само да тренира, а не и да игра за првиот тим.

Фелипе само три месеци официјално беше играч на тетовските „црвено-црни“.