Иван Тричковски го доведе АЕК во водство против Докса во 14. минута во 8.коло на кипарскиот шампионат, меѓутоа мораше да го напушти теренот во 69. минута поради повреда.Најдобриот стрелец на тимот од Ларнака со 10 голови во текот на утрешниот ден ќе оди на снимања за да се провери сериозноста на повредата.

Инаку Докса изедначи во 76. минута, a АЕК се спаси од срам со гол во 95 минута за 2:1. Инак покрај Тричковски за АЕК цел меч одигра Даниел Мојсов.