Тројца од четворицата македонски преставници на боксерската ревија „Златен Гонг“ обезбедија место во утрешните финални борби. Денеска во полуфиналните пресметки во категоријата до 60 килограми, Јасир Љама беше подобар од Мерлаку од Косово и ќе се подготвува за утрешната финална битка.

Во категоријата до 75 килограми Арсим Етеми на поени со 2:1 го совлада косовскиот боксер Пирева и исто така обезбеди место во утрешното финале. Во финалните битки ќе го видиме и Насуфи, кој обезбеди директен пласман на завршниот ден од турнирот.

Единствениот наш боксер кој не успеа да стигне до финалето е Оран Шакировски, кој во категоријата до 56 килограми беше поразен од Вебер од Словенија.