Италијански Тутоспорт тврди дека хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ ја одбил понудата на Милан да премине во неговите редови.

Модриќ, кој има договор со Реал до крајот на сезоната планира да остане во Мадрид, а познато е дека тој и клубот не се во предговори за продолжување на соработката која трае веќе седум ипол години.

На крајот на сезоната Модриќ како слободен играч може да замине каде сака.