Еурофарм Работник останува без еден од носителите на играта, Невен Стјепановиќ, кој во мечот против Мешков Брест во вторникот во Битола, заработи тешка повреда на коленото.

Десниот бек ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено и следи операција и долга пауза. За Стјепановиќ сезоната е завршена.

Битолскиот тим ќе мора без него да продолжи со обврските, па така денеска екипата патува за Лисабон, каде утре (19:30 часот) ќе се соочи со Спортинг во 7. коло од групната фаза во Лигата на шампионите.