Одлучувачкиот гол за Јувентус на гостувањето во Москва против Локомотив, кој беше мало ремек-дело на Даглас Коста, е избран за најубав гол во 4. Коло од групната фаза на ЛШ.

Даглас Коста не можеше да избере подобар начин да се врати во Лигата на шампионите, каде со Јувентус до овој меч немаше постигнато ниту еден гол.

Голот на Бразилецот победи во конкуренција на головите на Стерлинг од Манчестер Сити, оној на Кондогбија од Валенсија, како и голот на Окслејд-Чембрлен од Ливерпул.