Младиот напаѓач на Барселона Анси Фати воодушеви на почетокот на сезоната во Ла Лига со неколку голови со што го потисна од првиот тим скапоплатениот Осман Дембеле, а на некои мечеви поради него и Гризман седеше на клупата. Брзоногиот крилен напаѓач роден во Гвинеја-Бисао доби повик за настап за младата шпанска репрезентација, а дебитираше во октомври на дуелот со Црна Гора.

Сега кога е во одлична форма ќе го предводи нападот против селекцијата на Македонија во квалификациите за Европското првенство на стадионот „Санто Доминго“ во Алкоркон на 14 ноември.

Во тимот го нема капитенот Дани Олмо кој е прекомандуван во А селекцијата, а го нема ни повредениот Дани Мартин.