Младиот напаѓач Ерлинг Халанд, кој моментално игра во Салцбург, е „хит“ на сезоната, особено во ЛШ каде по четири меча има постигнато седум голови.

Веќе од сега се шпекулира за негов трансфер, а тој е син на поранешниот играч на Манчстер Сити, Алф-Инге Халанд, кој воедно беше и норвешки репрезентативец.

Но за разлика од Ерлинг, неговиот татко беше дефанзивец. Меѓутоа и покрај тоа, врз него беше направен еден од најбруталните прекршоци во историјата на Премиерлигата.

Врз него стартуваше Рој Кин кој што веднаш доби црвен картон. Практично, Кин тогаш му ја прекина кариерата на Халанд.

Меѓутоа тој старт кој се случи во 2001 година, има своја позадина. Во 1997 година после дуел со Халанд, Кин ги скина лигаментите. И покрај тоа што немаше вина за кинењето на лигаментите на играчот на Манчестер Јунајтед, Кин се изнервирал откако Халанд му рекол да стане и да престане да глуми.

Тогаш Кин се изнервирал и му вратил на Халанд.

„Ја одработи задачата. Ме изнервира и ме провоцираше од почетокот на натпреварот“, рече тогаш Кин.

Кин доби суспензија и казна од 150 илјади фунти.