Вулверхемптон синоќа го обезбеди пласманот во нокаут фазата од Лигата на Европа со победа од 1:0 над Слован во втората минута од продолжението.

Но, средбата комплетно мина во знакот на страшната сцена која се случи во 80. минута и поради која натпреварот доби дури 12 минути продолжение.

Раул Хименез се обиде со ножички да упати удар кон голот на Слован и притоа со едната нога го удри дефанзивецот на Слован Кенан Бајриќ.

Бајриќ без свест падна на тревата, а токму Хименез беше тој кој прв реагираше и бараше лекарска помош. Цели 11 минути прво фудбалерите на двата тима, а потоа и лекарските екипи се трудеа да го вратат во свест фудбалерот, кој беше изнесен на носилки.

 

Потврдено е дека се работи за сериозна повреда и дека првичните информации се потрес на мозокот, додека за деталите се чека од дополнителните прегледи.

Хименез, кој беше и стрелец на единствениот гол на средбата, се извини веднаш по натпреварот.

„Добра вест и за моите и за неговите соиграчи е дека е свесен. Многу ми е жал, немав никаква намера да го повредам и се надевам дека брзо ќе закрепне. Многу беше тешко за сите нас да го гледаме таков, без свест“ – изјави Хименез по мечот.