Техничкиот директор на Борусија Дортмунд Михаел Цорк зборуваше за претстојниот меч на „жолто-црните“ против Баерн Минхен, можеби клучен меч во трката по шампионската титула. Натпреварот се игра во Минхен, а Баерн е во проблеми го отпушти Нико Ковач, а како в.д. тренер работи Ханс Волф. Но Борусија има лоши резултати на „Алијанц“…

Мораме да играме машки, мораме да бидеме жестоки момци – само така ќе го победиме Баерн“, зборуваше Цорк покрај тренерот Лусијан Фавр на пресконференцијата.

Тоа не го покажавме во изминатите години, но сега тоа го барам од екипата“, вели Цорк.

Последната победа на Дортмунд во Минхен е на почетокот на 2014 година, а од тогаш „жолто-црните“ имаат порази од 2:0, 5:1, 4:1, 6:0 и 5:0.

Тоа е ужасна серија. Ова е германска Класика, можеби најдобриот меч во Германија. Резултатот би го одредил и понатамошниот тек на сезоната. Знаеме дека нема да добиеме подарок и дека треба добро да се испотиме да го заработиме тоа за она што го сакаме“, изјави Цорк.

Дортмунд е втор на табелата со три бода помалку од лидерот Менхенгладбах, а еден повеќе од Баерн кој минатата недела доживеа фијаско во Франкфурт (1:5). Натпреварот Баерн-Дортмунд се игра во сабота од 18.30 часот.