Француски Асвел направи изненадување во 7. коло на Евролигата откако вечерва на свој паркет ја победи ЦСКА Москва со 67:66 и тоа благодарение на одличниот финиш. Во последната четвртина ЦСКА го презеде водството, три пати имаше и четири разлика меѓутоа потоа следуаа лошите завршни минути во кои домашните кошаркари полека ја топеа предноста на противникот прво на три, па на два поени, па изедначија и потоа победија со еден разлика.
Најефикасен на натпреварот беше Ришар Ломас од Асвел со 15 поени, а покрај него убава партија имаше и Џордан Тејлор со 14 поени. Кај гостите од Русија Мајк Џејмс уфрли 14 поени, а 11 поени даде Јанис Стрелниекс.

Standings provided by Sofascore LiveScore