Легендарниот Јирген Клинсман, ќе стане член во надзорниот одбор на бундеслигашот Херта. Спонзорот кој има 49.9% од акциите, се обврза да го донесе Клинсман кој прифатил да биде дел од берлинскиот клуб.

Според германските медиуми, голем уддел во ова имал и таткото на Клинсман кој навивал за Херта, а неговиот син, пак, настапува како напаѓач во првиот тим на берлинските „сино-бели“.

Клинсман со тоа се враќа во Бундеслигата по 10 години, откако беше тренер на Баерн во 2009 година.