5000 фанови на Севиља се собраа на трибините на стадионот „Рамон Сначез – Писхуан“ за да ги поздрават своите миленици и да им дадат поддршка пред големото градско дерби со Бетис кое е на програмата утревечер. Викендов Андалузија живее за фудбалот, затоа што утре од 21 часот следува најголемата пресметка во шпанската покраина.

Освен фудбалерите, пред насобраната толпа навивачи со знамиња и транспаренти се појави и генералниот спортски директор Мончи. Навивачите им посветија и неколку мотивациони песни на играчите и побараа победа на големото градско дерби.