Баерн Минхен ја совлада Борусија Дортмунд со убедливи 4:0 на Алијанц Арена во дербито на Германија. „Баварците“ доминираа во текот на целиот натпревар, и сосема заслужено ја совладаа Борусија која на овој меч беше „очајна“ и без шанси.

Левандовски во 17. минута ја користи заспаноста во одбраната да донесе водство. На 2:0 во 47. минута зголеми Гнабри откако ВАР пресуди дека е гол, иако судиите претходно го поништи. Кога се веќе беше готово, Левандовски во 76. минута зголеми на 3:0. Хумелс со автогол зголеми на 4:0.

За „мизеријата“ на Борусија говори податокот дека немаа ниту еден директен удар кон голот