Фантастична вечер за Бојан Богдановиќ, кој ја одигра својата најдобра партија во НБА досега со 33 поени и со победнички кош за три поени заедно со сирената. Јута со 103:100 го победи Милвоки, во меч во кој Богдановиќ доминираше, а во третата четвртина имаше и свое шоу со 13 поени во низа.

Кај Милвоки актуелниот МВП Антетокоумпо постигна 30 поени и 13 скокови.

Интересен и неизвесен меч одиграа Минесота и Голден Стејт, каде победникот беше решен по продолженија 125:119.

Вориорс имаа четири поени предност 110:106 на 29 секунди до крајот на натпреварот, но Карл Ентони Таунс и Ендру Вигинс се изборија за дополителни пет минути кои и донесоа победа на Минесота.

Вигинс постигна 40 поени, додека Таунс 20 поени и 14 скокови. Кај Голден Стејт Д’Анџело Расел имаше неверојатни 52 поени, 10 скокови и пет асистенции.

Интересно е дека Демијан Лилард постигна рекордни 60 поени во поразот на Бруклин од Портланд (119:115).

По вторпат во историјата на НБА лигата се случува двајца кошаркари да имаат 50 или повеќе поени кога нивните екипи загубиле.

РЕЗУЛТАТИ:

Индијана – Детроит     112:106

Орландо – Мемфис      118:86

Вашингтон – Кливленд               100:113

Атланта – Сакраменто 109:121

Минесота – Голден Стејт           125:119

Њу Орлеанс – Торонто                104:122

Далас – Њујорк               102:106

Денвер – Филаделфија               100:97

Јута – Милвоки               103:100

Портланд – Бруклин     115:119

Л.А. Лејкерс – Мајами 95:80