Нема лимит за Лука Дончиќ, кој имаше одлична партија и покрај тоа што неговиот Далас загуби на гостувањето во Њујорк, 106:102.

Словенецот постигна трипл-дабл, 38 поени, 14 скокови и 10 асистенции и стана најмладиот играч во НБА кој успеал да постигне четири трипл-дабл во првите осум натпревари во една НБА сезона.

Истовремено Дончиќ е четвртиот кошаркар по Маурис Стокес, Оскар Робертсон и Расел Вестбрук на кој му успеало тоа.

Постигнатите 38 поени се нов индивидуален рекорд во НБА кариерата на Дончиќ.