Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и актуелен тренер на ПСВ, Марк Ван Бомел е резервна тренерска опција за бундеслигашот доколку пропаднат преговорите со Арсен Венгер, Жозе Мурињо и Масимилијано Алегри кои се главни фаворити за клупата.

Германските медиуми пишуваат дека холандскиот стручњак има договор со ПСВ до 2021 година, но клубот нема да му прави проблеми и тој ќе добие раскин на договорот доколку Баерн испрати конкретна понуда за неговите услуги.