Можеби ќе жалат за победата, но бодот во една ситуација во која Вардар настапи без Данис Кристопанс и Кристијан Дисингер, а дел од ракометарите играа на неприродни позиции, имаа поинакви улоги, е голем како планина.

Вардар одигра со срце, покажа дека може да се носи дури и кога е истрошен. Избраниците на Едуард Кокшаров го издржаа пеколното темпо со играта „седум на шест“, вечерва најавија дека има што да понудат во продолжение од сезоната.

Ова е лицето кое сите фанови го посакуваат. По овој исклучително тежок меч, честитките одат на и адресата на Калифа Гедбан, по оние критики, алжирскиот голман покажа дека е рано за критики.

Токму и затоа Талант Душебаев по завршување на натпреварот изјави дека се чувствува празно, поточно дека Келце загубил бод, а само неговиот противник успеал да освои.

По едно вакво издание останува во таборот на македонскиот првак да успеат целосно да се рахабилитираат за следната битка против Келце на гостински терен која сигурно ќе биде уште потешка од оваа вечерва.