Секоја чест за Струга ТЛ за победата, но сепак судијата Васко Мавров во 37.минута драстично го оштети Вардар. Имено Матеј Цветановски излезе сам пред домашниот голман Ѓуриќ кој стартуваше остро врз вардарецот. И место Мавров да покаже пенал и црвен картон, тој покажува дека Цветановски пред да ја допре  топката бил во офсајд. Од оваа видео ситуација се гледа дека гостинскиот напаѓач сепак не бил во офсајд. Така барем се гледа. Можеме само да претпоставиме што ќе беше ако Вардар на 0:1 добиеше пенал, а и голманот на домашните Ѓуриќ беше исклучен.