Европскиот првак Вардар ќе биде комплетен за денешниот натпревар со Келце (17:30 часот) во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје во Лигата на шампионите.

Тренерот Едуард Кокшаров ќе ги има на располагање сите, дури и повредените Атман и Горпишин, кои се враќаат во тимот.

Единствено ќе недостасува Сергеј Горбок, кој уште на претходниот меч со Мешков Брест се виде дека уште има проблеми со повредата на мускулот на потколеницата и ќе му биде потребна подолга пауза.

Талант Душебаев, пак, на располагање ќе има само 14 ракометари, со оглед на тоа дека и полскиот првак се соочува со здравствени проблеми.