Се чини дека поразот најтешко му падна на тренерот на Вардар Александар Васоски. Тој за СПОРТМЕДИА по мечот го изјави следното…

„Не сакам да звучи ова дека се жалам, дека кажувам нешто што не е така. Не сакам исто да фрлам црна дамка на победата на Струга ТЛ, јас им честитам на момците од противничкиот табор, но судијата Мавров беше катастрофа, На полувремето во неколку наврати ја видов снимката, каде ли виде тој офсајд. Тоа беше чист пенал за нас, на резултат 1:0, е тоа ќе беше некој друг натпревар. Барам само да се анализира спорната ситуација, ништо повеќе“ рече Васоски кој на полувремето доби црвен картон поради навредливо однесување кон судиитем така барем пишува во записникот.