Во Неапол се случува се, само не фудбал. Последните бранувања во клубот полека ескалираат, откако синоќа била нападната куќата на фудбалерот на Наполи, Алан. Според италијанските медиуми нападот се поврзува со неодамнешните контроверзии во клубот и наводниот иницијатор на групата која се бунтува против Де Лаурентис во името на Алан.

Според „Газета дело Спорт“ и домот на Алан во Си Гонфија Ла Рите, бил нападнат од непознати лица, при што биле искршени прозорците на куќата и влезната врата, а провалниците влегле внатре и освен што оставиле голем неред ги ограбиле просториите и го отвориле големиот сеф.

Се претпоставува дека се украдени и чанта со околу 10.000 евра во кеш.

Алан беше прогласен во медиумите како еден од архитектите кои стојат зад револтот на играчите кон одлуките на Де Лаурентис за карантин на клубот по последните очајни настапи и во Серија А и во ЛШ.

Алан изјавил дека стравува за својата безбедност и дека ова е одмазда за тие настани. Особено е застрашувачки што за време на нападот неговата бремена сопруга Таис била во куќата. Алан вечерва сигурно нема да игра против Џенова поради повреда.