Експресно ја завршија својата европска авантура сезонава ракометарките на ЖРК Пелистер, кои денеска го претрпеа вториот убедлив пораз од Зајечар во третото коло од Челинџ купот, 44:23 (25:10).

Слично како и вчера и денеска српскиот тим доминираше во средбата и заслужено се најде во следната фаза од ова европско клупско натпреварување. Драгана Чакмак и Јована Богоевиќ со по девет гола го предводеа Зајечар, додека за Пелистер, Милосављевиќ беше најефикасна со шест гола, додека Анчева и Талевска постигнаа пет.