Спајдермен, Супермен, Бетмен и останатите заминуваат во историјата. Го добиваме новиот суперхерој, а тоа е тој, неговото величество КРИСТИЈАНО РОНАЛДО.

„Суперхеројот Кристијано Роналдо, заедно со тајните агенти од групата Стикер форс и својот соработник Облиск, ќе ја спаси земјата од уништување кое и се заканува од некои мрачни сили“ вака гласи описот на најновиот стрип, кој треба деновиве да излезе, а веќе предизвика големо внимание.

Стрипот во продажба ќе се појави на 11 ноември, а до тогаш сите детали се држат во тајност. Се знае дека костумот на Роналдо ќе биде во бројот 7, а ќе потсетува најмногу на оној на Супермен.

Ова е само уште еден податок за Роналдо, за каков феномен се работи. Тој минатата година само од спонзорите заработил неверојатни 180 милиони евра.

Тоа е моќта на топ – спортистите…