Тренерот на Келце, Талант Душебаев многупати го преживеал скопскиот пекол, но никогаш не се израдувал, па така и сега не беше многу задоволен по натпреварот.

„Честитики за двата тима, особено за Вардар, кој иако играше без многу играчи, секогаш игра добро на домашен терен. Убава атмосфера за игра, во натпревар во кој имам чувство дека загубивме еден бод, а Вардар освои. Одиграа одлично второ полувреме, не можеа да играат со лев бек, па ги искористија двете крила, а и голманот беше неверојатен имаше осум важни одбрани со кои му даде шанса на Вардар да се бори до крај. Не сум задоволен од крајниот исход, пропуштивме голема шанса“, заклучи Душебаев.