Едуард Кокшаров одлучи да почне со „седум на шест“, во нападот го немаше Данис Кристопанс, но добро се снаоѓаа „црвено-црните“ на негово место беше Иван Чупиќ, неприродна позиција за него, но добри ги спроведуваше задачите.

Видовме еден поинаков Вардар, но само во првите 15. минути. Играше цврсто во одбраната. Келце го отвори мечот, македонскиот тим поведе со 4-2, а потоа и со 7-3. Во 15. минута беше запишана највисоката позитива од 10-5.

Талант Душебаев повика тајм-аут, Келце набрзина постигна четири гола во серија (два од нив на празен гол). Во 18. минута беше само плус еден за Вардар (10-9), па Кокшаров исто повика тајм-аут.

Стоиле го прекина налетот на противникот (11-9), но накратко. Темпото падна, Келце се врати во игра по 25. минути го врати водството и тоа благодарение токму на празната мрежа (14-15). Имаа среќа „црвено-црните“, како полските ракометари да не беа подготвени за „седум на шест“ па промашуваа на празна мрежа.

На одморот „црвено-црните“ заминаа со водство од 17-16.

Стоилов и Скубе со по четири погодоци се најефикасни кај Вардар.