Интер со победата над Верона се доближи до Јувентус на еден бод на табелата. „Нероаѕурите“ потешко од очекувањата стигнаа до овој триумф, дури со пресврт во вториот дел.

Вере од пенал во 19. минута донесе водство за Верона. Во вториот дел Интер цело време напаѓаше и успеа да израмни преку Весино. Потоа Верона со нова прилика да дојде до водство, меѓутоа Интер преку Барела во 83. минута стигна до победа и до трите бода.