Како и во Струга, така и во Тетово било бурно на полувремето од средбата меѓу Ренова и А.Пандев. Да потсетиме дека овој меч заврши со резултат 1:1, но во првиот дел, при резултат 0:1 за „пандевци“ имаше спорна ситуација. Гостинскиот стопер Маслаќ играше со рака, а судијата Дејан Јакимовски не покажа на белата точка. Во тие моменти најжестоко реагираше помошниот тренер на „гипсарите“ Бехар Укали, по што доби црвен картон. Додека на паузата црвени картони им беа покажани на спортскиот директор Фисник Нухи и претставникот на клубот Џевдет Рустеми. И двајцата неспортски се однесувале кон судијата, така барем пишува во записникот.