Хаос е во Наполи, во градот и меѓу навивачите се раскажуваат црни сценарија. Сите се потсетуваат на тоа што се случи во 1988 година кога против клубот беше покрената истрага демек ја „продал“ титулата на Камора, дека намерно губел се со цел низ кладилниците мафијата да заработи многу, многу пари.

И тогаш имаше бунт во екипата, и тогаш имаше супер тим, но и тогаш како и сега Наполи губеше на несфатлив начин. Тогаш голманот Гарела бил водач на бунтот, да потсетиме дека тогаш во тимот беше и Марадона. Во таа сезона 1987/1988 Наполи на последните пет средби освои само еден бод, и тоа беше шокантно во Италија, па и во Европа. Тогаш се обвинуваа играчите, тренерот Бјанки, но газдите на клубот дека намерно губеле, се со цел Камора да заработи многу пари, дека биле под притисок на мафијата тоа да го сторат.

Наполи тогаш му ја „предаде“ титулата на Милан како на тацна, од тогаш Миланезите го почнаа својот поход кон врвот на фудбалскиот свет, а Наполи остана само голем во рамки на Италија.

Нешто слична ситуацијата е и деновиве, така барем се шпекулира. Јасно е дека вечерва против Џенова, стадионот „Сан Паоло“ ќе биде полупразен, тренерот Анчелоти е пред смена, Де Лаурентис е во паника.

Ништо ново за клубот од под Везув….