Екс-вардарецот кој сега ги брани боите на Келце, Игор Карачиќ, призна дека дека Вардар го изненадил полскиот првак со својата игра, дека уживај во пречекот во СЦ „Јане Сандански“, но и од сиот набој на емоции не бил комплетно во мечот…

„Сакам да им честитам на двата тима за борбеноста. Се согласувам со тренерот дека Келце загуби бод. Ја прекинавме традицијата на Вардар против Келце во последните години, но се надевавме на победа. Победнички бевме расположени. Бевме подготвени за Кристопанс и Дисингер, но Вардар не изненади со ’7 на 6’ и на крај Калифа се покажа како пресуден. Ова беше посебен меч за мене, на некој начин уживав, на некој начин и не бев толку во мечот… Сакам да се заблагодарам на публиката и на навивачите кои така ме пречекаа. Сега се насочуваме кон следниот меч во Келце и се надевам дека таму ќе го освоиме цел плен“ – изјави Игор Карачиќ по ремито во Скопје.