Барселона ја совлада Селта со 4:1 вечерва во последниот натпревар од шпанската Ла Лига. Барселона имаше проблеми само во првиот дел од првото полувреме кога Селта стигна до израмнување. Навивачите на „Камп-Ноу“ можеа да видат дури три гола од слободен удар.

Најпрво Меси од пенал донесе водство, а потоа Селта со гол од слободен удар преку Олаза успеа да израмни. Сепак, Меси од 30 метри од слободен удар донесе водство.

Почеток на вториот дел и иста сцена како од крајот на првиот дел. Меси од слободен удар повторно погодува и носи 3:1. На крајот во листата на стрелци се запиша и Бускетс за 4:1.

Standings provided by Sofascore LiveScore