Вардар и Келце приредија вистинска драма, на крајот битката заврши без победник 28-28, а македонскиот тим по некомплетното седмо коло остана на второто место на табелата, дали ќе биде таму зависи од Монпеље.

Тренерот, Едуард Кокшаров очекувано беше задоволен, иако немаше на располагање цел тим, сепак оние кои одиграа издржаа до крај, дури се најдоа на прагот до победата.

„Голема благодарност го Келце за добрата игра, но прво за моите играчи. Имаме големи проблеми со повредени играчи, им благодарам на сите оние кои дадоа максимум на терен. На публиката и покажавме дека сакаме да победиме и да дојдеме до два бода. Со овој бод можеме да бидеме задоволни“, изјави Кокшаров на официјалната прес-конференција.

И Шишкарев е среќен за играта што ја пружија на теренот иако не настапија во комеплтен состав.

„Играчите даваа се од себе. Келце секогаш е тежок, има борбен карактер. Беше тешко во второто полувреме за нас, бевме на минус три, сакам да и се заблагодарам на публиката ни даде поддршка, успеавме да издржиме, на крајот можевме да дојдеме до победа, но таков е спортот. Останува да се подготвиме за реваншот во Келце“, реше Шишкарев.