Тихомир Костадинов, играчот за врска на словачкиот Ружомберок, кој во последно време игра одлично е дополнително повикан од страна на селекторот Игор Ангеловски за настап за Македонија на претстојните квалификациски средби со Австрија и со Израел. Поради бројни повреди македонскиот селектор мораше да прави претумбации во составот па така дополнително го повика играчот на Ружомберок и младински репрезентативец.

Што се однесува до Костадинов, овој играч денеска беше дел од тимот на Ружомберок во победата на гости кај Жилина на Енис Фазлагиќ  (2:1) во македонскиот дуел во словачкиот шампионат.