Како ли ќе изгледа стартниот состав на нашата најдобра репрезентација на 16 ноември во Виена, на гостувањето кај Австрија? Тоа сигурно дека тешко го знае во моментов и селекторот Игор Ангеловски. Ова е неверојатно со какви проблеми се соочува. Синоќа се повреди Иван Тричковски, во прашање е листот, во понеделник ќе оди на магнетна резонанца, но тој 99.9% нема да може да игра. Најново е тоа што Стефан Спировски се жали на повреда, неговиот настап е крајно неизвесен. Играчот на Хапоел Тел Авив ќе дојде на собирот во Скопје, но прашање е дали ќе биде од корист.

Тоа значи дека селекторот Игор Ангеловски за мечот со Австрија не ќе може да смета на Несторовски, Муслиу и Николов поради жолти картони, потоа на Адеми, Тричковски, Бејтулаи, Спировски (веројатно), Радески, Дориев, Стоилов…. Прашање е до каде ќе оди овој список?