После шесте гола постигнати против Галатасарај во ЛШ, денеска Реал Мадрид даде четири гола на Еибар. „Кралевите“ дојдоа до победата уште во првиот дел откако водеа со 0:3, со головите на Бензема, и на Рамос од пенал, а од белата точка погоди и Бензема.

Валверде на стартот од вториот дел погоди за 0:4, а потоа Реал имаше уште неколку шанси за поубедлив триумф.