Леброн Џејмс од ноќва е дел од уште еден „клуб 1.000“, односно „кралот“ стигна до третото место на вечната листа на кошаркари со постигнати повеќе од 20 поени по натпревар.

Леброн запиша 25 поени во мечот меѓу Л.А. Лејкерс и Мајами (95:80) и со тоа дојде до третото место на листата зад Карл Мелоун и Карим Абдул Џабар. Со ова остварување Леброн зад себе го остави Коби Брајант со 941, како и Мајкл Џордан со 926.

 

View this post on Instagram

 

Congrats to @kingjames of the @lakers for becoming the 3rd player in @nbahistory with 1000 20-point games!

A post shared by NBA (@nba) on

Мелоун го држи рекордот со 1.134 натпревари со 20 и повеќе поени по натпревар, додека Џабар има 1.122 натпревари.