Александар Таневски поднесе неотповиклива оставка од местото шеф на стручен штаб на Македонија ЃП. „Лавовите“ долго време не знаат за победа, пред десетина дена испаднаа и од Купот, а оставката од Таневски дојде по оние 1:1 со Борец во Велес.

Таневски ја предводеше екипата во изминатите две сезони, избори место во Лигата на Европа. Сега „Лавовите“  ќе мора да бараат нов тренер.

Таневски својата оставка ја образложи на социјалната мрежа „Фејсбук“.

„Како тренер и спортска личност каква ме познаваат луѓето поврзани со фудбалот чувствувам морална одговорност за според мене не прифатливата моментална ситуација во која се наоѓа Македонија ЃП, таа не се совпаѓа со моите лични и амбициите на клубот.
Поднесов неотповиклива оставка . Работев, посветено, искрено и чесно, секогаш подготвен за одговорност за сопствените дела. Сакам да се заблагодарам за довербата и условите за работа кои ми беа овозможени. Им посакувам на сите во клубот многу среќа во продолжението на првенството. Ќе бидам најсреќен ако моето заминување биде пресврт кон нови успеси кои клуб како МАКЕДОНИЈА ЃП ги заслужува“, напиша Таневски.