Горан Пандев стартува за Џенова на гостувањето кај неговиот екс тим Наполи. Пандев е носител на капитенската лента на гостинскиот тим.

Меѓутоа барем на почетокот нема да гледаме македонски дуел. Затоа што Елиф Елмас се наоѓа на клупата за резерви, и очекуваме да влезе во текот на мечот.