Милан Ристовски со својот 7. гол во првенството на Словачка, беше најзаслужен што неговиот тим Нитра го победи Серед со минимални 1:0. Ристовски успеа да му го „земе скалпот“ и на репрезентативниот голман Дејан Илиев кој беше на голот на Серед, и да освои важни бодови за приклучок кон средината на табелата.

Ова беше седми погодок за Ристовски кој што продолжува со гол серијата во словачкиот шампионат.