Баерн Минхен го совлада тимот на Борусија Дортмунд со 4:0 во дербито на германската Бундеслига. Уште една победа на „Баварците“, убедливо на свој терен.

После натпреварот Томас Милер имаше коментар.

„Секогаш сме посебно инспирирани на вакви натпревари. Разликата е очигледна, седум пати по ред сме шампиони и тоа се гледа на теренот. Секогаш играме одлично кога Дортмунд ќе дојде во Минхен“, рече Милер.