Македонскиот дуел во Серија „А“, сепак, се случи. Иако кратко, на теренот заедно беа и Пандев и Елмас, а Елмас ја имаше шансата на мечот во миговите кога Пандев беше повлечен од теренот.

Елмас во 87. минута со глава се чинеше дека веќе го совлада, Раду кој од гол линијата ја вади топката. Топката е влезена, но недоволно. Милиметри недостасуваа за првенецот на Елмас во Наполи. Штета.

Пандев, пак, на излегувањето во 79. минута доби силни аплаузи од публиката во Неапол. Доби овации од трибините. Очигледно дека навивачите не го забораваат и оние негови години минати во тимот.

На крајот мечот заврши без голови.