„Класикер“ секогаш е спектакуларен натпревар кога се работи за германскиот фудбал, иако Борусија од Дортмунд во последно време поминува како боса по трње кога ќе се симне на југот на Германија. Двете екипи влегуваат во 101. меѓусебен дуел во различно расположение, а на домаќинот се уште му одѕвонува резулатот од 5:1 во Франкфурт кој означи и смена на тренерот Нико Ковач. Екипата ја презеде Ханс Флик, а таа покажа лоша ефикасност против Олимпијакос. Се изнапромашуваа играчите на Баерн, а единствениот гол за победа од 1:0 го даде кој друг, ако не Левандовски. Да не е Полјакот Баерн сезонава ќе немаше да знае што е тоа победа.

ГЕРМАНИЈА 1 – 11.коло

БАЕРН – ДОРТМУНД
сабота 18.30
Шифра: 3008

Наши предлози
КТ 1        1,68
Кмб 1&4+            2,95
* квотите подлежат на промени

СИТЕ КВОТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВДЕ

Борусија на последните два првенствени гостувања на „Алијанц арена“ прими 11 голови (5:0 и 6:0), а пет и пол години нема славено во Минхен. Екипата на Лусијан Фавр доаѓа во серија од три триумфи во сите конкуренции и после импресивниот пресврт против Интер во Лигата на шампионите, иако има и проблеми затоа што поради повреди неизвесни се Торган Азар и Џејдон Санчо. Во Баерн ризична е одбраната бидејќи не можат да сметаат на суспендираниот Боатенг и повредените Зиле и Ернандез, па како стопер ќе игра играчот за врска Хави Мартинез. Објективно, без оглед на кризата, Баерн е светлосни години понапред од другите тимови во Бундес лигата, па се освен нивен триумф би било изненадување. И секако би требало да видиме многу голови…