Попладнево се одиграа четири средби од 14.коло во ПМФЛ. Секако дека најинтересно беше во Струга ТЛ каде домашниот тим со 2:1 успеа да го победи Вардар. Во меч со многу котроверзи, се чини дека гостите неа и оштетени за пенал, на крајот домашните славеа а гостите беа гневни. Тренерот Васоски на полувремето заработи црвен картон.

Струга ТЛ од првиот дел имаше 2:0, во вториот дел Вардар со гол од пенал на Мицевски успеа само да намали.

Ренова и А. Пандев одиграа 1:1, во не толку квалитетен, но сепак интересен меч, струмичани водеа по првото полувреме, но сепак Илирид Адеми постигна гол во продолжението од мечот за конечни 1:1. Голем бод за Ренова, А. Пандев пак трет меч не може да победи.

 

Големи три бода за  Силекс, со голот на Жеравица уште на стартот на натпреварот, во таа 3.минута. Шкупи настојуваше да израмни, имаше и шанси но сепак кратовци одолеваа на нападите и на крај се израдуваа. Кратовци со овие три бода сега се трети на табелата.

И во Велес домашниот Борец и Македонија ЃП одиграа 1:1. Според се она што се случуваше на теренот се чини најреално. Гостите водеа со голот на Божиновски, а израмни Прелчец, кој друг на конечни 1:1.

 

РЕЗУЛТАТИ – 14.КОЛО

СТРУГА ТЛ – ВАРДАР 2:1

(Кировски 25., Тафе 45+1./,Мицевски (п) 79.)

СИЛЕКС – ШКУПИ 1:0

(Жеравица 3./)

РЕНОВА – А.ПАНДЕВ 1:1

(Адеми 74. /Пандев 8.)

БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:1

(Прелчец 45+1./ Божиновски 28.)

УТРЕ:

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА

Standings provided by Sofascore LiveScore